Како прв Американец што станал папа, тој го избра папското име Лав XIV и беше пречекан со аплаузи од насобраните луѓе во Ватикан, кои со нетрпение ја очекуваа веста.
Роден во Чикаго, експертите велат дека 69-годишниот Превост со изборот на името покажува посветеност на социјални прашања. Иако е Американец, има и перуанско државјанство, а Ватикан го опиша како втор папа од Америките (Фрањо беше од Аргентина).
Можеби ве интересира: Кој е папата Лав Четиринаесетти, првиот Американец на чело на Католичката црква
И додека Трамп го слави изборот, површина излегоа стари објави на Превост со силни критики кон поранешниот претседател.
Ставовите на папата Лав XIV
Превост се смета за умерен и се споредува со починатиот папа Фрањо по неговите ставови за мигрантите, сиромаштијата и животната средина.
Неговото име е алузија на Лав XIII – папа од времето на индустриската револуција, подемот на марксизмот и масовната миграција – кој се поврзува со социјалната правда. Бостонскиот надбискуп Шон Патрик О’Мали напиша дека Превост го избрал токму тоа име заради таа традиција.
Минатата година, зборувајќи за климатските промени, Превост рече дека „време е да се премине од зборови кон дела“.
Во 2012 година, тој изразил критика кон медиумите што покажувале „симпатии кон уверувања и практики што се спротивни на евангелието“, вклучувајќи го и „хомосексуалниот начин на живот“ и „алтернативните семејства составени од истополови партнери и нивните посвоени деца“. Дали овие ставови се промениле со текот на времето, останува да се види.
Улогата на жените во Црквата е уште едно прашање на кое се внимава. Превост ја поддржал одлуката на својот претходник жените да бидат дел од Дикастеријата за епископи за прв пат.
Во 2023 година за „Vatican News“ изјавил: „Во повеќе наврати видовме дека нивната перспектива претставува збогатување.“
Стари твитови на папата Лав
Превост претходно ги критикувал Трамп и неговите политики, ретвитувајќи објави за тоа како изразот „лоши момци“ поттикнува расизам и споделувајќи поддршка за програмата „DACA“.
Можеби ве интересира: Трамп го поздрави првиот папа од САД
Една посебно силна објава од 2018 година, споделена од кардинал Блејз Џ. Купич, гласела: „Нема ништо христијанско, американско или морално оправдано во политика што им ги одзема децата на родителите и ги сместува во кафези. Ова се случува во наше име и срамот е наш.“
Во април, последен пат ретвитувал објава во која се спомнуваат претседателите на САД и Ел Салвадор: „Не го гледате ли страдањето? Зарем совеста не ви е вознемирена? Како можете да молчите?“
На 3 февруари, споделил статија со наслов: „Џеј Ди Ванс не е во право: Исус не нè учи да ја рангираме љубовта кон луѓето“, пренесува Лад Бајбл.
Што кажа Доналд Трамп за папата Лав?
Трамп, кој претходно се опишал како „неденоминациски христијанин“, ја поздрави веста за американскиот папа со објава на „Truth Social“.
Напиша: „Честитки до кардинал Роберт Френсис Превост, кој штотуку беше именуван за папа. Каква чест да знаеме дека тој е првиот Американец на таа позиција.
Какво возбудување и каква голема чест за нашата земја. Со нетрпение очекувам да се сретнам со папата Лав XIV. Тоа ќе биде многу значаен момент!“