Се урна авион со 244 патници на Ер Индија кратко по полетувањето

12.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се урна авион со 244 патници на Ер Индија кратко по полетувањето

Полицијата потврди дека во авионот имало 244 лица.

Густи облаци од чад се издигаа од местото на несреќата и се видливи од голема далечина.

Службите за итни случаи, вклучувајќи ги и пожарникарите, веднаш биле испратени на местото на катастрофата и во тек е операција за спасување.

Состојбата на патниците и екипажот во моментов е непозната. Несреќата се случила кратко по полетувањето на авионот, под засега нејазни околности. Во тек е операција за пребарување и спасување за пронаоѓање и евакуирање на ебентуално преживеани.

Ер Индија потврди дека нивниот лет 171 од западниот град Ахмедабад до Лондон Гетвик се урна во „трагична несреќа“.

„Со длабока тага потврдувам дека летот 171 на Ер Индија,  од Ахмедабад до Лондон Гетвик, денеска имаше трагична несреќа“, изјави претседателот на Ер Индија, Натараџан Чандрасекаран.

„Нашите мисли и најдлабоко сочувство се со семејствата и најблиските на сите погодени од таа катастрофа“, рече тој, додавајќи дека е активиран центар за итни случаи и е формиран тим за поддршка на семејствата кои бараат информации.

 Авион на „Ер Индија“ во кој имало 242 патници со лет кон Лондон се урна денеска кратко по полетувањето во близина на аеродромот Ахмедабад. Патничкиот авион се урна во областа Меганинагар, предизвикувајќи паника и хаос на земјата.

Oд компанијата потврдија дека во авионот имало 242 патника.

„Летот од Ахмедабад во 13:38 часот, превезуваше 242 патника и членови на екипажот во авионот Боинг 787-8. Од нив, 169 се индиски државјани, 53 се британски државјани, еден канадски државјанин и 7 португалски државјани.

Повредените се однесени во најблиските болници, соопшти компанијата“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата