Русија уверува дека е подготвена за договор и дека финеси се во прашање.
-Претседателот Трамп веројатно е единствениот лидер на светот кој ја препозна потребата од решавање на основните причини за оваа ситуација. Ние сме подготвени да постигнеме договор, но постојат одредени точки и елементи што треба да се „дотераат“. Ние сме зафатени со овој процес. , изјави Сегеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Во мисија да ги дотера „финесите“ на средба со Путин, четврти пат за два месеца, дојде специјалниот претставник на Трамп Стив Виткоф. Детали нема, иако веќе се познати контурите на договорот што го турка Вашингтон, а што денеска ги објави Ројтерс.
де јуре признавање на руската контрола на Крим
де факто признавање на руската контрола врз четирите окупирани руски региони Луганск, Запорожје, Доњецк и Херсон
Украина ја враќа територијата во Харковската област
Украина ја враќа контролата врз нуклеарната централа Запорожје под управа на САД
За статусот на Крим, кој пред 14 години го анектираше Русија, синоќа се огласи и самиот Трамп, спорд кого, тоа е завршена работа.
-Тоа беше пред 11 години со Обама. И тие донесоа одлука. Немаше ниту еден испукан куршум, немаше борба, немаше ништо. Тие само го предадоа. Сега велат: Па, можете ли да го вратите? Мислам дека тоа ќе биде многу тешко да се направи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Дека цената што треба да ја плати Украина во замена за мир е висока, смета и градоначалникот на Киев и поранешен шампион во бокс, Виталиј Кличко, изјава што жестоко беше осудена од кабинетот на Зеленски.
-Едно од сценариjaта е да се отстапи територија. Тоа не е фер. Но, за мир, привремен мир, можеби тоа може да биде решение, привремено., изјави Виталиј Кличко, градоначалник на Киев.
Сенка на денешната средба на Виткоф со Путин, фрли страотната експлозија на автомобил бомба близу Москва, во која загина генерал полковник Јарослав Москалик, високопозициониран функционер во рускиот генералштаб.