Се огласи Лавров за труењето на екс сирискиот претседател, Башар ал Асад во Москва

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Лавров за труењето на екс сирискиот претседател, Башар ал Асад во Москва

Според руските медиуми, Лавров на средбата со претставници на арапските медиуми нагласил дека поранешниот сириски претседател и неговото семејство се во руската престолнина „исклучиво од хуманитарни причини“.

Според министерот за надворешни работи, руските власти им доделиле азил на Башар ал Асад и неговото семејство бидејќи биле „изложени на закани за физичко насилство“.

„Тој нема проблеми во нашиот главен град. Немало труење. Доколку се појават такви гласини, ги оставам на совеста на оние што ги ширеле“, додаде Лавров.

Потсетиме, светските медиуми минатата недела објавија дека Башар ал Асад бил итно примен во болница и дека некој наводно се обиделе да го отрујат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата