Синоќешниот самит во Енкориџ бил во добра атмосфера, успешен и продуктивен по многу точки, оценија и двајцата светски лидери. Американскиот претседател посочи дека до успех се доближуваат и по онаа најважната – Мир во Украина, но додека не се постигне договор, вели не договор не постои..
-Изгледите се добри дека ќе успееме, сега не, но имаме можност да стигнеме таму. Мислам дека имавме продуктивна средба, имаше многу точки, се согласивме на повеќето би рекол, за неколку големи се уште не стигнавме таму, но направивме напредок, така што, нема договор додека нема договор. Со нетрпение очекуваме да се справиме, да се обидеме и да го завршиме ова, направивме голем напредок денеска. Секогаш имав фантастичен однос со претседателот Путин, со Владимир,- -Доналд Трамп – Претседател на САД.
Тричасовниот разговор од кој засега не се обезбеди прекин на огнот како позитивен го оцени и рускиот претседател.. За договор, траен и долгорочен изрази подготвеност да работи, преку кој ќе треба да се искоренат причнините за конфликтот. Очекува конструктивност и од Киев и ЕУ, за да се отвори патот да заврши војната во Украина, која Путин за прв пат призна дека не би се случила со Трамп во „овалната соба“.
-Се обидов да му укажам на мојот претходен американски колега(Бајден) дека ситуацијата не требало да се носи до точка на неповрат во однос на непријателство и го кажав тоа прилично директно тогаш, дека е „голема грешка“. Денес, кога претседателот Трамп вели дека, ако тој бил Претседател тогаш не би имало војна, ја сум прилично сигурен дека ќе беше така, можам да го потврдам тоа. Ја имам секоја причина да верувам дека можеме да дојдеме до тоа, што порано тоа подобро, до крај на конфликтот во Украина,- -Владимир Путин – претседател на Русија.
Додека завршуваше оваа средбата и двајцата се обраќаа пред светската јавност која будно ги следеше, најавија нова, а ја навестија и можната локација, за која Трамп низ насмевка кажа дека може да биде жестоко напаѓан..
-Уште еднаш господине Претседател сакам да ви се заблагодарам и ќе зборуваме многу наскоро и веројатно ќе се видиме повторно наскоро. Ти благодарам Владимир. - Следен пат во Москва? - Ова е интересно, ќе добијам малку „жестоки напади“ поради тоа, но гледам можност тоа да се случи.
Трамп по средбата телефонски разговараше со НАТО и Зеленски, кој веќе во понеделник ќе отпатува на состанок со американскиот претседател во „овалната соба“ во Вашингтон.
Следен чекор да биде трилатерна средба Трамп – Путин – Зеленски побараа и Европските лидерите со заедничко соопштение, преку која би се ставил крај на војната со праведен и траен мир.