Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го повлече означувањето на Фронтот Ал-Нусра, фундаменталистичка сунитска радикална група која беше една од најсилните сили што се бореа против поранешната сириска влада, според меморандум на Стејт департментот објавен денеска.
Ова е важен чекор бидејќи САД се стремат да ги ублажат санкциите врз Сирија.
Овој потег доаѓа една недела откако Трамп потпиша извршна наредба со која се укинуваат санкциите врз Сирија, помагајќи ѝ на земјата да излезе од изолацијата и исполнувајќи го ветувањето на Вашингтон да помогне во обновата на земјата по разорната граѓанска војна.
Прекинати се врските со Ал Каеда пред неколку години
Фронтот Ал-Нусра, или Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), претходно беше сириски огранок на Ал Каеда. Во декември, сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, со помош на ХТС и други исламистички бунтовнички групи, започна молскавична офанзива со која беше соборен тогашниот претседател Башар ал-Асад.
ХТС на Ал-Шаара ги прекина врските со терористичката Ал-Каеда пред неколку години, тврдејќи дека сака да изгради инклузивна и демократска Сирија. Во мај, Ал-Шаара се сретна со Трамп во Ријад, кој потоа неочекувано објави дека ќе ги укине санкциите врз Сирија.