Законот, предложен од сенаторите Линдзи Греам (Републиканска партија) и Ричард Блументал (Демократска партија), предвидува воведување царини од 500 отсто на увоз на стоки од земји што продолжуваат да купуваат руска нафта, гас, уран и други ресурси.
Мерките најмногу ќе ги засегнат Кина и Индија – двата најголеми клиенти за руските енергетски производи, кои финансираат, како што посочуваат сенаторите, значаен дел од руската воена машинерија.
- Ова не е продолжување на сегашната стратегија. Ова е удар таму каде што најмногу боли, изјави Блументал. - Целиме на пазарот на (рускиот претседател Владимир) Путин, а тоа е токму она што најмногу им одговара на нашите европски партнери, додаде Греам.
Сенаторите се надеваат дека законот ќе биде ставен на гласање во Сенатот пред августовската пауза.