„Доколку имате информации за шверц, перење пари или други финансиски механизми на Хезболах во триграничната област, ве молиме контактирајте не. соопшти стејт департментот.. Триграничната област се однесува на границата меѓу Парагвај, Аргентина и Бразил, каде што, според Стејт департментот, Хезболах генерира приходи преку „перење пари, трговија со дрога, фалсификување американски долари, нелегална трговија со дијаманти и шверц на готовина, јаглен, цигари и нафта“.