САД: Нема индикации дека Русија ќе го користи нуклеарното оружје распоредено во Белорусија

26.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД: Нема индикации дека Русија ќе го користи нуклеарното оружје распоредено во Белорусија

„Ги видовме извештаите за руското соопштение и ќе продолжиме да ја следиме оваа ситуација“, се вели во писмената изјава на прес-службата на Министерството за одбрана. „Не гледаме причина да ја прилагодиме нашата сопствена стратешка нуклеарна положба или каква било индикација дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје. Остануваме посветени на колективната одбрана на НАТО алијансата“, се посочува во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на својот сојузник Белорусија, земја на прагот на Европската Унија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата