САД на седницата на СБ на ОН ја предупредија Русија да преземе чекори кон мир

30.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД на седницата на СБ на ОН ја предупредија Русија да преземе чекори кон мир

На итниот состанок на Советот за безбедност на ОН, кој беше свикан вчера откако во ракетните напади на Киев во текот на ноќта во четвртокот, 28 август, загинаа најмалку 25 лица, американскиот дипломат Џон Кели рече дека нападите „фрлаат сомнеж врз сериозноста на руската желба за мир“ и побара „нападите врз цивилни подрачја веднаш да престанат“.

Тој рече дека рускиот и украинскиот претседател, Владимир Путин и Володимир Зеленски, мора да се согласат на состанок и го повтори предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон би можел да воведе санкции кон Русија, ако војната во Украина продолжи. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата