САД „креваат раце“ од мировните преговори за Украина ако наскоро нема напредок

18.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД „креваат раце“ од мировните преговори за Украина ако наскоро нема напредок

Рубио истакна дека се подготвени да работат на мир доколку има реална желба од двете страни, но додаде дека Соединетите Држави имаат и бројни приоритети ширум светот. Повтори дека неговата држава ја поддржува Украина изминатите три години, но истовремено нагласи и дека тоа не е нивна војна.

-Да се обидеме да дознаеме многу брзо и зборам за неколку денови, не неколку недели дали ова е војна која може да се заврши. Ако може, тогаш сме подготвени да направиме се што можеме тоа да се оствари и да се потрудиме да заврши на одржлив и праведен начин. Ако не е можно и сме толку раздалечени за ова да не може да се случи, тогаш мислам дека претседателот (Трамп) е дојден до точка каде ќе каже „толку од нас“. - Марко Рубио – Државен секретар на САД

Одговор од двете страни очекува и американскиот претседател Доналд Трамп. Од Белата Куќа тој му даде рок до недела да се изјасни дали ќе прифати прекин на огнот. Упати и критики за украинскиот претседател Зеленски за кого кажа дека според него, не си ја врши добро работата.

-Зборував со претседателот Путин за тоа многу, тоа (Украина) беше во фокусот на неговото внимание. Но, немаше шанси да нападне доколку јас бев претседател. Сега се обидувам да го натерам да запре. Бидејќи, како што знаете, Русија е многу поголема, тоа е многу поголема воена сила, и ако сте паметни нема да се вмешате во војни... и можете да го обвините човекот кој седеше тука (Зеленски) Бајден не знаеше што по ѓаволите се случуваше. Не го обвинувам него, но велам дека не би рекол дека направи најдобра работа, во ред? не сум голем фан (на Зеленски) - Доналд Трамп – Претседател на САД

И додека властите во САД очекуваат некакво поместување во преговорите, рускиот амбасадор во Обединетите Нации Василиј Небензја ја отфрли идејата за сеопфатно примирје, а како причина за тоа ги наведе договорите од Минск за кои руската страна тврди дека не биле почитувани од украинска страна.

-Во овие услови, да се говори за примирје е едноставно нереалистично, во оваа фаза. Денеска не прашаа дали би биле подготвени за сеопфатно примирје? Ние рековме дека има големи проблеми со сеопфатно примирје, бидејќи ги паметиме договорите од Минск, како беа искористени и злоупотребени да се подготви Украина за конфронтацијата. - Васили Небензја – Амбасадор на Русија во ООН

Во меѓувреме, Украина и САД потпишаа меморандум како прв чекор кон договорот за миннерали. Ваквиот тек на настаните доаѓа по инсистирањето на американскиот претседател Доналд Трамп за билатерален договор меѓу Вашингтон и Киев како дел од неговите напори да се стави крај на војната во Украина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата