САД и Германија на Украина ќе ѝ испорачаат уште пет системи „Патриот“

21.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД и Германија на Украина ќе ѝ испорачаат уште пет системи „Патриот“

Објавата дојде еден ден по масовниот напад на Русија врз Украина, во кој беа вклучени дури 426 самоубиствени дронови „Шахед“, како и повеќе видови ракети - од хиперсонични „Кинџал“ до крстосувачки ракети „Калибр“ и „Х-101“.

Зборувајќи на состанокот на групата „Рамштајн“, платформа за координирање на воената помош за Украина, Писториус рече дека договорот е постигнат со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет за време на неговата неодамнешна посета на Вашингтон.

„Координацијата со партнерите за испорака на системите ќе продолжи во наредните денови“, додаде Писториус.

Клучно за одбраната на градовите

Патриот“ е најнапредниот систем за воздушна одбрана на Украина и единствениот способен да пресретнува руски балистички ракети како што е „Кинжал“. Новиот пакет помош доаѓа во време кога руските сили сè повеќе се одлучуваат за напади со долг дострел со комбинација од дронови и ракети.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави нова иницијатива, поддржана од НАТО и ЕУ, според која членовите на алијансата ќе купат американски системи за оружје за Украина. Два дена подоцна, Трамп изјави дека испораките на „Патриот“ веќе започнале, иако германското Министерство за одбрана првично тврдеше дека нема сознанија за ова.

Германија подоцна потврди дека се водат разговори меѓу сојузниците за испраќање повеќе од три системи „Патриот“ во Украина.

Украина моментално има седум „Патриот“, но не сите се оперативни

Вашингтон досега испорача три батерии „Патриот“ во Украина, додека Германија обезбеди уште три. Друг систем дојде преку европска коалиција на земји, но не сите системи на батерии се оперативни во исто време поради ротации и редовно одржување.

Најновата стратегија на Русија вклучува масовни напади во „рој“ со евтини ирански беспилотни летала „Шахед“ (произведени од Русија под името „Геран“), во комбинација со крстосувачки и балистички ракети, за да се истроши украинската воздушна одбрана и да се зголеми веројатноста за пробив.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата