САД го поздравија договорот за размена на затвореници меѓу Ерменија и Азербејџан

8.12.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД го поздравија договорот за размена на затвореници меѓу Ерменија и Азербејџан

Ереван и Баку претходно објавија за ослободување на двајца азербејџански и 32 ерменски затвореници. 

-Високо ги цениме заедничките напори на претседателот на Азербејџан (Илхам) Алиев и премиерот на Ерменија (Никол) Пашинјан како основа за мирна и просперитетна иднина на жителите од Јужен Кавказ, се вели во соопштението на Метју Милер, портпарол на Стејт департментот. 

Се вели дека САД и понатаму одлучно ќе ги подржуваат напорите да се постигне цврст и достоен мир во регионот. 

Исто така, синоќа беше соопштено за средбата меѓу Џејмс О’Брајан помошникот на државниот секретар за Европа и Евроазија и Алиев во средата, и дека таа била „позитивна и конструктивна“. 

Учесниците ги истакнале длабоките историски врски меѓу САД и Азербејџан, како и значењето на билатералните односи. 

О’Брајан  истакна дека државниот секретар Ентони Блинкен „со нетрпение ги очекува министрите за надворешни работи на Азербејџан и на Ерменија“ кои наскоро доаѓаат во Вашингтон за следна рунда мировни проеговори. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата