Министерот за трговија на САД, Хауард Латник, изјави дека Европската Унија треба да го отвори пазарот за американски извоз доколку сака да го убеди претседателот Доналд Трамп да се откаже од планираната царинска стапка од 30 отсто, која треба да стапи во сила на 1 август.
- Прашањето е дали Европската Унија нуди доволно добра зделка за претседателот Трамп да ја прифати, изјави Латник за „Фокс њуз сандеј“.
Тој истакна дека Трамп сака да го зголеми пристапот на американските компании до европскиот пазар и додаде дека конечната одлука ќе ја донесе претседателот.
Трамп претходно оцени дека шансите за постигнување договор со ЕУ се „педесет-педесет“.