Руте: Русија би можела да распореди нуклеарно оружје во вселената

12.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руте: Русија би можела да распореди нуклеарно оружје во вселената

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави за „Велт ам Зонтаг“ дека НАТО е свесен дека Русија размислува да постави нуклеарно оружје во вселената.

Тој ги нарече сегашните можности на Москва во вселената застарени и неспоредливи со оние на Западот.

Оружје насочено кон сателити

Затоа, рече Руте, развојот на нуклеарно оружје во вселената може да ` овозможи на Русија да ги подобри своите способности, што според него е главен извор на загриженост.

Таканареченото антисателитско оружје не е насочено кон Земјата туку кон сателитите, но нивното уништување може да предизвика хаос на планетата бидејќи од нив зависи функционирањето на многу системи.

Руте предупреди на потенцијално кршење на Договорот за вселената од 1967 година, кој ги обврзува земјите потписнички на мирна употреба на вселената. Договорот е ратификуван од повеќето земји, вклучувајќи ги Русија и Соединетите Американски Држави.

Конкуренцијата во вселената се засили

Генералниот секретар на НАТО рече дека во последните години конкуренцијата во вселената станала значително поинтензивна и дека тамошната средина никогаш не била толку преполна, опасна и непредвидлива.

Ова не важи само за комерцијалната област, туку влијае и на одбраната, а со тоа и на безбедноста воопшто, додаде Руте.

Според веста, НАТО во 2021 година одлучи дека клаузулата за заемна одбрана според член 5 се применува и за напади од и во вселената.

Членот 5 вели дека вооружен напад врз една или повеќе земји-членки на НАТО се смета за напад врз сите нив.

Клаузулата за меѓусебна одбрана беше активирана само еднаш кога алијансата ги поддржа САД по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата