Руте пристигна во Одеса- со Зеленски ги посетија ранетите војници

15.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руте пристигна во Одеса- со Зеленски ги посетија ранетите војници

Посетата на Руте е знак на солидарност со Киев по рускиот ракетен напад врз северниот град Суми во неделата, во кој загинаа 35 луѓе, а беа ранети повеќе од 100. „Украинскиот народ претрпе толку многу, вклучувајќи го и рускиот напад на Цветници во Суми. Поддршката на НАТО е непоколеблива“, објави Руте на социјалната мрежа Х.

„Ќе продолжиме да ѝ помагаме на Украина за да може да се брани денес и да ја одврати идната агресија, обезбедувајќи праведен и траен мир“, додаде генералниот секретар на НАТО.

САД се обидуваат да посредуваат за прекин на огнот

Посетата дојде додека Соединетите Држави, доминантната сила на НАТО, се обидуваат да посредуваат за примирје меѓу Русија и Украина и откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно го критикуваше украинскиот претседател.

Володимир Зеленски потврди дека тој и Руте ја посетиле болницата во која се опоравуваат ранетите украински војници. „Разговаравме со нашите војници. Им доделив државни награди на нашите ветерани. Благодарен сум на нашите момци за нивната сила, издржливост и заштита на нашиот народ“, објави Зеленски на Х.

„Им доделив награди на воените болничари. Им благодарам на сите што ја бранат, лекуваат и поддржуваат Украина. Вие сте нашата сила“, нагласи тој.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата