Рускиот окружен воен суд го осуди државјанинот на САД, Дејвид Рајан О’Лири во отсуство на 28 години затвор за учество во борбени операции на страната на украинските вооружени сили за време на инвазијата на Курскиот регион, соопшти денеска руското обвинителство.
„Земајќи ја предвид позицијата на генералниот обвинител, судот го осуди О’Лири во отсуство на 28 години затвор, при што првите осум години ќе ги отслужи во затвор, а останатите во казнена колонија со строг режим, заедно со парична казна од 1,6 милиони рубли“, се вели во соопштението, според Интерфакс.
Според обвинителството, О’Лири учествувал во вооружениот конфликт против војниците на вооружените сили на Руската Федерација во Курскиот регион и добил материјална отштета за својата вмешаност до април 2025 година, чија вкупна сума надминала 3,1 милиони рубли.