Контактот со авионот бил изгубен во текот на мисијата од непознати причини, наведува украинската разузнавачка служба.
Остатоците се лоцирани, а руските сили спроведуваат потрага по пилотите.
Според проруски извори, авионот бил базиран на окупираниот Крим и припаѓал на поморската авијација на Црноморската флота.
Су-30СМ е повеќенаменски борбен авион вреден околу 50 милиони долари, а Русија во моментов има околу 130 вакви авиони.
Ова е втора загуба на ваков тип авиони во последните две недели - на почетокот на август, украинските беспилотни летала уништија еден Су-30СМ и оштетија друг на аеродромот Саки.