Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија

5.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија

Во рускиот напад врз јужниот регион Херсон се повредени единаесет лица, објави регионалниот гувернер Олександар Прокудин. Гасовод, бензинска пумпа, автосервис и приватни возила се оштетени во нападите, напиша Прокудин на Телеграм.

Во источниот украински град Чугуив, најмалку три лица се повредени во напад со беспилотно летало, меѓу кои и дванаесетгодишно момче, соопшти воениот гувернер Олех Синегубов. Две лица се повредени и во градот Купјанск.

Цел на руските напади бил и главниот град Киев, а сирени за воздушен напад се огласиле и во северниот Сумски регион, Доњецк и Харков на исток и Днепар и Запорожје на југоисток. 

Украина, пак, нападна цели во Русија. Непријателски беспилотни летала се пресретнати во Ростовскиот регион во јужна Русија и во Смоленскиот регион југозападно од Москва, соопштија руските власти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата