Руски дронови го погодија Харков – двајца загинати, 37 повредени

11.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Руски дронови го погодија Харков – двајца загинати, 37 повредени

Нападите се случија само еден ден по слични удари врз Киев и Одеса, во кои загинаа три лица. Харков, втор по големина град во Украина и лоциран на помалку од 50 километри од границата со Русија, е подложен на се почести масовни напади во последните денови.

„Извршени се 17 дронски удари во два реони на градот“, соопшти Терехов. Според локалното обвинителство, цел на нападите биле главно станбени згради, а биле користени дронови „Геран-2“, руската верзија на иранскиот „Шахед“.

Харков веќе ја преживеа „најсилната воздушна офанзива од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година“, кога во саботата беа регистрирани околу 50 експлозии. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата