Русин е осуден во Финска на доживотен затвор поради воени злосторства во Луганск

14.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русин е осуден во Финска на доживотен затвор поради воени злосторства во Луганск

Петровски, кој повремено го користел и псевдонимот Боислав Торден, е обвинет за пет различни злосторства извршени пред десет години во конфликтот во Луганск, конфликт што започна пред руско-украинската војна во 2022 година, пишува Киев Индипендент.

Петровски, кој е под санкции на Европската унија и САД од 2022 година, ги отфрли сите обвиненија, изјави неговиот адвокат Хеики Лампела пред судот во Хелсинки минатиот декември.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата