Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

17.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Новинската агенција Тас го цитираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој изјави дека позицијата на Русија за распоредување на странски сили е „добро позната, конзистентна и јасна“ – но оти тоа сепак би можело да биде „предмет на дискусија“.

Овој предлог повторно излезе на површина за време на разговорите во Берлин оваа недела, во кои учествуваа американски, европски и украински претставници.

Идејата за која се дискутира е да се распоредат повеќенационални сили во Украина откако ќе се постигне прекин на огнот, со мандат да го следат почитувањето на договореното. Киев ги опиша таквите сили како дел од безбедносните гаранции што ги бара за да спречи нов руски напад.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, минатата недела предизвика загриженост кога предупреди дека мировните трупи стационирани во Украина би можеле да станат „легитимни мети“.

Рускиот претседател Владимир Путин, исто така, ја оправда војната како неопходна за да се спречи членството на Украина во НАТО и присуството на трупи на Алијансата кои Москва ги смета за непријателски.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата