Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници

25.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија и Украина разменија по 1.000 воени заробеници

Во согласност со Договорот од Истанбул, од 23 мај до денеска руската и украинската страна извршија размена по формулата 1.000 за 1.000, се посочува во соопштението од руското МО.

Првата фаза од размената на воените заробеници беше во петокот, кога беа разменети по 390 заробеници, а вчера Русија и Украина разменија по 307 заробеници. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата