.Според него, загубите на украинската војска се помали, но сепак значителни.
Рубио нагласи дека главниот приоритет на американскиот претседател Доналд Трамп е да се запре губењето животи и уништувањето што се случуваат секојдневно.
- Од почетокот на годинава, само за пример, Русија изгуби 100.000 мртви војници, не ранети - мртви. Бројките на украинска страна се помали, но сепак значителни. Претседателот Трамп не сака војни, истакна Рубио.
Тој додаде дека Трамп смета оти војните се трошење на пари и животи и дека ќе направи сè што е во негова моќ за да стави крај на оваа војна, како и секоја друга во која има можност да интервенира.
Рубио изрази и фрустрација поради бавниот напредок во преговорите, но нагласи дека САД ќе продолжат да работат на решавање на конфликтот со трпеливост и посветеност.
Според врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександар Сирски, во првите шест месеци од 2025 година, украинските сили елиминирале над 230.000 руски војници, вклучувајќи ги загинатите и ранетите.