Фокусот на разговорите е на војната на Блискиот Исток и нејзините економски последици на глобално ниво.
Ова е прва странска посета на Марко Рубио откако САД и Израел ја започнаа својата воена операција против Иран.
Се очекува Рубио да разговара со министрите за надворешни работи на Германија, Обединетото Кралство, Канада, Франција, Италија и Јапонија за тоа каква помош нивните земји се подготвени да им обезбедат на САД за отворање на Ормуската Теснина.

