Рубио и Лавров повторно разговараа во Куала Лумпур

11.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рубио и Лавров повторно разговараа во Куала Лумпур

Двајцата дипломати имаа краток неформален разговор. Кратката средба се чинеше дека поминала во позитивна атмосфера, при што Лавров се смееше, Рубио го потапка по рамото. Соговорниците активно гестикулираа, а на крајот се ракуваа,  јавуваат руските медиуми. Деталите од разговорот сè уште не се официјално објавени.

Вчера, Лавров и Рубио одржаа 50-минутен состанок во Куала Лумпур.

Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека позитивниот тренд во руско-американските односи продолжува и не ослабнал, иако администрацијата на претседателот Доналд Трамп „дејствува цик-цак по ова и многу други прашања. Не би рекол дека тие следат цврсто утврден курс еднаш засекогаш. Ние не го драматизираме ова. Барем преку каналите што се користат на работно ниво, им ги соопштуваме на Американците нашите приоритети и пристапи јасно, логично и разбирливо. Сигурен сум дека зад ова тие ја гледаат нашата искрена желба за нормализирање на нашите односи“, нагласи тој. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата