Кенеди, кој е познат како противник на вакцините, сега е одговорен за федералните здравствени агенции како што се Управата за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), потсетува NBC News.
Тој, сепак, избегна да даде целосна поддршка за вакцината против сипаници, велејќи наместо тоа дека тоа е најефективниот начин да се спречи ширењето на вирусот, објави ТВ мрежата.
Кенеди додаде дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп е фокусирана на изнаоѓање начини за лекување на луѓето кои не сакаат да се вакцинираат, иако не постојат одобрени третмани за оваа болест, која убива три од секои 1.000 заразени луѓе, потсетува NBC.
Според овој телевизиски канал, многу медицински експерти го доведуваат во прашање пристапот на министерот за здравство кон актуелната епидемија на сипаници во САД, во која Кенеди ја опиша вакцинацијата како личен избор и веруваат дека тоа е всушност негов сигнал за одобрување на антиваксерите.
Кенеди посочи и дека појавата на сипаници во САД е неизбежна поради ослабениот имунитет предизвикан од вакцинацијата, што, како што истакнуваат докторите, е лажно тврдење.
Пол Офит, директор на центарот за едукација за вакцини во Детската болница во Филаделфија, рече дека две дози од вакцината против сипаници, заушки и рубеола (ММР) нудат доживотна заштита од овие болести.
„Ги елиминиравме малите сипаници од Соединетите Држави. Тоа никогаш немаше да се случи ако имунитетот навистина беше ослабен со вакцини“, рече тој.
Сегашната епидемија потекнува од менонитска заедница во округот Гејнс, Тексас, каде што повеќето луѓе не се вакцинирани. Според NBC, од јануари досега се регистрирани 668 случаи на мали сипаници, а три лица починале.
Лекарите во САД сега стравуваат дека искоренувањето на сипаниците во Америка може да биде загрозено, бидејќи, како што велат, Кенеди продолжува да фрла сомнеж за безбедноста на вакцините, објави телевизијата Ен-Би-Си.