Рекордни над милион хектари изгореле годинава во ЕУ, пожарите најтешко ги погодија Шпанија и Португалија

23.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекордни над милион хектари изгореле годинава во ЕУ, пожарите најтешко ги погодија Шпанија и Португалија

Според Европскиот информативен систем за пожари (EFFIS), кој работи во рамките на програмата Коперник, од почетокот на годината изгореле повеќе од 1,1 милион хектари земја, што ја прави 2025 година година со најголема изгорена површина откако започнаа евиденциите во 2006 година.

Како што објави шпанскиот „Ел Паис“, главната причина се разорните пожари што ја зафатија Европа на почетокот на август.

Пожарите што го пустошат Иберискиот Полуостров, имено Шпанија и Португалија, сочинуваат дури 60 проценти од вкупните погодени области во ЕУ оваа година, објавува „Ел Паис“, додавајќи дека од почетокот на годината во Шпанија изгореле повеќе од 403.000 хектари, а во Португалија 275.000.

EFFIS истакнува дека претходниот рекорд е забележан во 2017 година, кога изгореле 988.000 хектари, а потоа Португалија, со дури 563.000 хектари изгорена површина, била најтешко погодената земја.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата