Речиси половина од Французите ги поддржуваат блокадите најавени за 10 септември

7.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Речиси половина од Французите ги поддржуваат блокадите најавени за 10 септември

Според податоците од анкетата, 46 проценти од Французите го поддржале повикот земјата да биде блокирана на 10 септември, додека 28 проценти од испитаниците биле против тоа, а 26 проценти од нив биле рамнодушни кон прашањето, објавува весникот „Трибјун Диманш“ (La Tribune Dimanche).

Првата причина за поддршка на блокадите би била падот на куповната моќ, според анкетата спроведена од Ипсос и фирмата BVA, заедно со Колеџот за инженерство (CESI) на примерок од 1.000 граѓани над 18 години. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата