„Јужноафриканската Република останува посветена на градење взаемно корисни односи со САД“, се наведува во соопштението на Рамапоса.
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера објави на социјалната мрежа Икс дека Расул е прогласен за „персона нон грата“ и дека повеќе не е добредојден во САД. Одлуката следува по обвинувањата дека јужноафриканскиот дипломат „поттикнува расизам на меѓународно ниво“, поради негови изјави во кои го критикувал претседателот Доналд Трамп.
Односите меѓу Вашингтон и Преторија се веќе затегнати, особено откако Трамп во февруари замрзна финансиска помош за Јужна Африка, обвинувајќи ја владата во Преторија за „неправични и неморални политики“ во однос на земјишните реформи./МИА