Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин: Русија ќе ги зајакне своите воени капацитети

- Денес, во услови на брзи промени во светот, нашиот стратешки курс за зајакнување и развој на вооружените сили останува непроменет. Ќе продолжиме да ги зголемуваме борбените способности на армијата и морнарицата, нивната борбена готовност како најважна компонента на безбедноста на Русија, гаранција за нејзината суверена сегашност и иднина и нејзиниот напредок, рече рускиот лидер во видео порака објавена по повод Денот на бранителот во Русија.

Тој нагласи дека Русија ќе продолжи да ги опремува своите војници со ново модерно оружје, имајќи ја предвид анализата на борбената употреба на опремата./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата