Путин пред камери се пофали со својот луксузен стан, го отвори и фрижидерот (ВИДЕО)

5.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин пред камери се пофали со својот луксузен стан, го отвори и фрижидерот (ВИДЕО)

Во документарецот емитуван во неделата по повод четврт век од владеењето на Путин, рускиот лидер понуди увид во позлатената резиденција во која живеел кога Русија за прв пат ја нападна Украина пред три години.

Видеото го прикажува Путин како му прави чај на новинарот на државната телевизија Павел Зарубин во кујната, во која се наоѓаат блендер од австралиско производство вреден повеќе од 200 евра, како и апарат за турско кафе вреден повеќе од 400 евра. Во таа пригода, тој му понудил на новинарот и белоруски чоколади и ферментирано млеко, пишува британски Телеграф.

На таа снимка, јавноста можеше да ја види и приватната теретана на Путин со десетици справи и тегови, како и голем ходник со лустери, исполнет со бескрајни плакари полни со оделата на Путин.

Во таа прилика, тој се осврна на изминатите 25 години на власт и изјави дека не се чувствува како политичар, но останува близок до грижите на обичните луѓе.

„Сè уште дишам ист воздух како милиони руски граѓани. Тоа е многу важно. Дај Боже да трае што е можно подолго“, рече тој.

На почетокот од интервјуто, додека му ја отвора вратата на новинарот Зарубин, тој вели дека станот не е далеку од Кремљ. Видеото прикажува ходник украсен со бројни лустери и огледала во златни рамки, а над каминот е поставен портрет на рускиот цар Александар III. Токму овој руски император од 19 век е познат во Русија како миротворец, бидејќи не водел никаква голема војна, пишува Телеграф.

Во станот доминира комбинација од бело и злато, а вклучува и библиотека, мала капела, две спални соби и кујна. На видеото се гледа и пијано, а Путин вели дека ретко има време да свири на него.

Пред камерите, тој го отвори и фрижидерот и призна дека навистина сака кефир.

На прашањето дали понекогаш му се сака да удри некого и покрај неговото навидум воздржано однесување, Путин одговори:

„Секогаш. Но, се борам против тоа“, рече тој.

Путин отсекогаш го чувал својот приватен живот настрана од јавноста, па затоа одлуката да го отвори својот дом за печатот изненади многумина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата