Израел го нападна аеродромот во Сана, соопштија јеменските Хути

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел го нападна аеродромот во Сана, соопштија јеменските Хути

Телевизиската станица ал-Масира, која е поврзана со милицијата Хути во Јемен, објави неколку напади денеска врз аеродромот од страна на Израел и САД, како и напади врз блиската фабрика за цемент и електрана.

Израелската армија претходно денеска нареди итна евакуација на жителите од околината на Меѓународниот аеродром во главниот град на Јемен, Сана.

-Ако не го напуштите подрачјето ги загрозувате своите животи, објави портпаролот на израелската армија Авичај Адреи на социјалните мрежи.

САД и Израел сè уште не коментираа.

Израел нападна десетици цели на Хутите во Јемен вчеравечер, при што загинаа најмалку четири лица, а 35 беа повредени, според Министерството за здравство контролирано од Хутите.

Израелските напади следеа по ракетен напад на Хутите во близина на меѓународниот аеродром Бен Гурион надвор од Тел Авив во неделата.

САД со месеци напаѓаат цели на Хутите во Јемен со наведена цел да го заштитат меѓународниот превоз во Црвеното Море.

Израел, исто така, изврши неколку напади во Јемен од почетокот на војната во Газа, вклучувајќи го и нападот врз аеродромот во Сана кон крајот на декември.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата