Путин повтори дека има „голема почит“ кон Трамп и дека е подготвен да се сретне со него. Иако таквата средба би барала внимателна подготовка, Путин рече дека тоа е „целосно можно“.
„Општо земено, благодарение на претседателот Трамп, односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави почнуваат да се враќаат во рамнотежа на некој начин“, рече Путин на прес-конференција во Минск.
„Не е сè одлучено во сферата на дипломатските односи, но првите чекори се преземени и ние напредуваме“, додаде тој, пренесе Индекс.