Пропадна улица среде Истанбул, имало експлозија (ВИДЕО)

3.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пропадна улица среде Истанбул, имало експлозија  (ВИДЕО)

Уривањето се случило веднаш до градилиштето кое се наоѓа по должината на улицата Ески Бујукдере, објави Анадолија. По приемот на пријавата, на местото на настанот беа испратени пожарникари, полиција и екипи од Истанбулската компанија за дистрибуција на гас (IGDAS).

Екипите поставија безбедносна зона околу срушениот дел од патот низ населбата во Истанбул, што доведе до прекин на двете сообраќајни ленти и поставени се предупредувачки знаци.

Поради мала експлозија што се случила во срушената област, екипите на IGDAS го прекинаа снабдувањето со природен гас како мерка на претпазливост. Поправките се уште се во тек, а патот останува затворен за сообраќај додека не се стабилизира ситуацијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата