Пронајдено тело по експлозијата во бар во Мадрид

14.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронајдено тело по експлозијата во бар во Мадрид

Во несреќата se повредени 25 лица, а според противпожарната служба, најверојатна причина е истекување на гас.

Експлозијата се случи во 15:01 часот во бар на улицата „Мануел Марото“, во квартот Пуенте де Валекас. Локалните власти информираа дека барот бил сместен на приземје од трикатна зграда.

Шефот на пожарникарите Хавиер Ромеро изјави дека од урнатините биле извлечени четири лица и дека експлозијата предизвикала штета и на соседни објекти, меѓу кои кафуле и продавница. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата