Според иранската новинска агенција Фарс и високи воени извори, нападите врз Израел ќе продолжат, а целите на Техеран ќе ги вклучат и американските воени бази на Блискиот Исток.
Доцна синоќа израелските сили започнаа нови напади врз Иран, објави израелскиот Канал 13. Оваа информација беше потврдена и од израелското воено радио.
Се наведува дека израелските авиони напаѓале над Сирија и Ирак. Во нападите убиени се двајца високи ирански генерали, додека Израел продолжува со нападите врз иранските воени и нуклеарни објекти.
Од друга страна, граѓаните на Техеран носејќи ирански и палестински знамиња и транспаренти на Хезболах, синоќа излегоа на улиците за да го прослават контранападот со стотици балистички ракети како одговор на израелските напади кои ги гледаа на голем екран поставен на плоштадот.
Во нападот, била погодена зградата во која биле сместени хрватските конзули, а конзулот и неговата сопруга претрпеле полесни повреди. Информацијата ја потврдил министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман.
Амбасадорката за хрватските медиуми изтакнала и дека евакуацијата сè уште не е можна поради затворениот воздушен сообраќај и честите напади.
Цели на нападот се локации во Тиверија, окупираната Голанска висорамнина и Долна Галилеја. Во овие области е издадена тревога за воздушен напад и се слушаат силни експлозии.
Пријавени се и напади во Тел Авив и еврејските населби на Западниот Брег.
Израелската армија го потврди новиот ирански воздушен напад и соопшти дека на населението му е наредено да оди во засолништа.
Израелските воздухопловни сили соопштија и дека уништиле „десетици ракети“ испукани од Иран.
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција ќе го брани Израел доколку Иран го нападне а Трамп на новинарско прашање дали САД ќе го поддржат Израел во случај на ирански противнапад, Трамп одговори:
– Ние стоиме зад Израел. Тој е нашиот сојузник број еден. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика иранските граѓани да се кренат против сегашниот режим во Техеран, опишувајќи го како „злобен“ и „угнетувачки.
Инкау, премиерот Мицкоски кажа дека е формира кризен штаб во министерството за надворешни работи, со цел да им се помогне на македонските државјани кој сакаат да е евакуираат од кризниот регион.