При украински напад загина заменик началникот на руската морнарица, генерал-мајор Гудиков

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
При украински напад загина заменик началникот на руската морнарица, генерал-мајор Гудиков

Неофицијално на Телеграм е објавено дека Гудков загинал заедно со уште 10 руски војници во украински напад врз команден пункт во Коренево, во рускиот Курски регион што граничи со Украина.

Гудиков е еден од највисоко рангираните убиени руски воени офицери од почетокот на целосната руска инвазија во 2022 година.

Генерал Гудков беше награден за храброст за учество во војната во Украина, а од страна на Киев е обвинет за воени злосторства. Тој на функцијата заменик-началник на руската морнарица беше назначен во март.

Досега, ниту руското ниту украинското Министерство за одбрана не го коментираа загинувањето на Гудиков.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата