Преживеаниот во авионската несреќа раскажува како се спасил: Насекаде имаше тела (ВИДЕО)

12.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преживеаниот во авионската несреќа раскажува како се спасил: Насекаде имаше тела (ВИДЕО)

Тој ги опишал моментите пред и по несреќата.За индиските медиуми изјавил дека слушнал „силен тресок“ околу 30 секунди по полетувањето, пред авионот да почне да губи висина.

„Сè се случи толку брзо“, рекол тој, додавајќи дека од ударот претрпел повреди на градите, очите и стапалата.„Кога се разбудив, имаше тела насекаде околу мене. Бев преплашен. Станав и почнав да трчам. Делови од авионот беа расфрлани насекаде. Некој ме зграпчи и ме фрли во амбулантно возило, и ме однесоа во болница.“Тој им изјавил на индиските медиуми дека живее во Лондон веќе 20 години, каде што се неговата сопруга и дете.

Тој додаде дека неговиот брат Аџај седел во вториот ред од авионот:

„Го посетивме Диу. Патуваше со мене, но повеќе не можам да го најдам. Ве молам помогнете ми да го најдам.“

Потрагата по неговиот брат е во тек, додека спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат остатоците од авионот и околните згради што беа погодени во несреќата.

Двајца патници наводно ја преживеале денешната несреќа во индиската држава Гуџарат. На летот 171 на Ер Индија имало 242 патници и членови на екипажот. Авионот се урна кратко по полетувањето за Лондон, објави Скај Њуз.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата