Претставник на МААЕ ќе го посети Иран, не е планирана инспекција на нуклеарни постројки

11.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Претставник на МААЕ ќе го посети Иран, не е планирана инспекција на нуклеарни постројки

Иранскиот министер за надворешни работи изјави во средата дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) мора да разјасни како ќе се одвива инспекцијата на нуклеарните објекти бомбардирани од Израел и САД во јуни.

„Ако агенцијата сака да ги посети нашите локации, тие биле бомбардирани. Кажете ни - како очекувате да инспектирате бомбардиран нуклеарен објект? Дали постои правило, протокол, упатство за тоа?“, рече Абас Аракчи во интервју за државната телевизија.

Аракчи го критикуваше нуклеарниот надзорник на ОН за тоа што не ги осуди она што го опиша како „нелегални и дивјачки“ напади врз нуклеарните објекти на земјата под нејзин надзор. „Ова е најголемото кршење на меѓународното право - навистина непростливо“, рече тој.

Инспекторите на МААЕ ја напуштија земјата по 12-дневниот конфликт.

Американскиот претседател Доналд Трамп постојано повторува дека американските воздушни напади ја уништиле нуклеарната програма на Иран.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата