Пресврт во Техеран: Иран сега е подготвен за разговор со Трамп за нуклеарната програма

9.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пресврт во Техеран: Иран сега е подготвен за разговор со Трамп за нуклеарната програма

Иран, сепак, никогаш нема да се согласи на разговори со цел да се откаже од својата нуклеарна програма за мирољубиви цели, објави мисијата на својот профил на социјалните мрежи X.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во саботата изјави дека Техеран нема да биде вовлечен во преговори со „насилните влади“, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп рече дека испратил писмо до највисокото иранско раководство во кое повикува на разговори за нуклеарен договор.

На состанокот со високи ирански претставници, Хамнеи рече дека понудата на Вашингтон за продолжување на разговорите има за цел „да ги наметне сопствените очекувања“, објави Ројтерс, цитирајќи ги иранските државни медиуми.

„Некои угнетувачки влади инсистираат на преговори да не ги решаваат прашањата, туку да доминираат и да ги наметнат сопствените очекувања. Овде не се работи само за иранското нуклеарно прашање. Иран сигурно нема да ги прифати нивните очекувања“, рече Хамнеи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата