- Посетата има за цел да ги зајакне нашите трговски и воени врски со двајцата наши најстабилни и доверливи партнери, наведе Карни.
Канада, со население од 41 милион жители, доживува криза без преседан во својата историја. Американскиот претседател Доналд Трамп почна трговска војна со Отава и најавите дека сака Канада да стане „51-та американска држава“.
Карни, кој на 14 март ја презеде премиерската функција, прво ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, а потоа со британскиот премиер Кир Стармер и кралот Чарлс Трети.
- Карни и Макрон ќе разговараат и за руската воена агресија против Украина и клучните проекти во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, соопшти Елисејската палата.
Додека Карни со Стармер ќе разговара за „зајакнување на трансатлантската безбедност, развој на секторот за вештачка интелигенција и стабилни трговски односи“.
Велика Британија е трет по големина трговски партнер на Канада со билатерална размена проценета на 61 милијарда канадски долари (40 милијарди евра).