Шпанската полиција откри тајна лабораторија во центарот на Барселона, каде криминална организација произведувала шарени гумени бонбони со марихуана, а потоа ги испраќала во Хрватска, Италија, Франција, Португалија, Германија и Холандија.
Пронајдени се 70 пакувања, 5.000 бонбони марихуана, 12 килограми марихуана и шест килограми хашиш“, соопшти шпанската цивилна гарда.
Пронајден е и материјал за производство, пакување и дистрибуција на дрога, пренесоа шпанските медиуми.
Во акцијата се уапсени три лица, државјани на Велика Британија, Холандија и Русија, кои се осомничени за шверц на дрога и во моментов се во притвор.
Полицијата започна истрага откако пресретнала серија пакети по пошта со слатки со марихуана, испратени во Германија, Франција, Италија, Холандија, Португалија и Хрватска. Потоа полицајците опколиле зграда во центарот на Барселона, каде што престојувале осомничените и откриле лабораторија во стан.
„Во него криминалната организација произведувала слатки во вид на шарени мечиња од марихуана и други хемиски состојки кои се многу опасни по здравјето“, соопшти полицијата.
Како што додаде таа, бонбоните содржеле големо количество тетрахидроканабинол (THC) и други хемикалии кои се користат за правење бонбони.
„Организацијата лоцирана во Барселона добиваше нарачки преку шифрирани апликации за пораки или преку Deep Web. Потоа марихуаната скриена во бонбоните ја испратила по пошта во бројни земји во Европа“, додаваат од полицијата.