Пожарот во јужна Франција под контрола, но борбите продолжуваат

8.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожарот во јужна Франција под контрола, но борбите продолжуваат

Пожарот - најголемиот на францускиот медитерански брег во последните најмалку 50 години - изгоре 17.000 хектари вегетација за нешто повеќе од 48 часа и одзеде еден живот во департманот Од.

-Пожарникарите ќе останат силно мобилизирани на местото на настанот во наредните денови, се вели во соопштението на локалните власти, кои го забранија пристапот до шумските области до недела.

Според соопштението, „патиштата затворени за сообраќај остануваат непроверени и затоа се сè уште потенцијално опасни, особено поради присуството на паднати далноводи на патот“.

Затоа „засегнатите сè уште не можат да се вратат во своите домови без дозвола од локалните власти“.

Префектот на Од, Кристијан Пуже, рече дека околу 2.000 евакуирани лица сè уште не биле во можност да се вратат во своите домови.

Повеќе од 2.000 пожарникари остануваат мобилизирани, заедно со повеќе од 200 жандармериски и воздушни ресурси за поддршка.

Синоќа, 1.500 домаќинства сè уште беа без електрична енергија, изјави компанијата за дистрибуција на електрична енергија „Енедис“, додавајќи дека „обезбедувањето континуитет на услугите (како што се водоснабдувањето и телекомуникациските врски) е врвен приоритет“.

Пожарот целосно или делумно уништи 36 куќи и 54 возила, според прелиминарната проценка на локалните власти. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата