Пожар во породилиште во Москва, едно лице повредено, 224 лица евакуирани

9.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пожар во породилиште во Москва, едно лице повредено, 224 лица евакуирани

-Според ажурираните податоци, евакуирани се 224 лица, спасени се 37. Повреден е чуварот на зградата, изјави извор од службата за итни случаи, пренесоа руските медиуми.

Претходно прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека 39 лица се евакуирани поради пожарот што утринава избувна на седмиот кат од родилиштето во источниот дел на Москва.

Во меѓувреме пожарот е изгаснат, а пациентите и персоналот се сместени во друга зграда на болницата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата