Поранешен вработен пукал во колегите- најмалку четворица убиени во крвава пресметка на пазар (ВИДЕО)

28.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешен вработен пукал во колегите- најмалку четворица убиени во крвава пресметка на пазар (ВИДЕО)

Според локалните медиуми, напаѓачот е 61-годишен маж кој откако ги убил своите поранешни колеги од фирмата за обезбедување, си го одзел животот. Полицијата сè уште официјално не ги потврдила деталите за пукањето.

На социјалните мрежи се појави видео од маж за кој се сомнева дека е одговорен за пукањето на прометен пазар во Бангкок, во кое загинаа најмалку четири лица.

Напаѓачот отворил оган среде толпа, а камерите за надзор го снимиле моментот кога влегол, како и истрелите што следеле. Видеото го прикажува и моментот кога извршил самоубиство.

Првично, медиумите објавија дека сторителот е во бегство, што предизвика итна потрага и евакуација на пазарот, но подоцна се дозна дека напаѓачот си го одзел животот на местото на настанот.

Некои локални портали објавија и негова слика, на која се гледа маж облечен во црна маица, камуфлажни шорцеви, бела капа и ранец што му виси од предниот дел.

Голем број безбедносни сили се на местото на настанот, додека градот е делумно блокиран.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата