На својот профил на платформата X, таа објави реченица што ги трогна многумина:
- Amor de mi vida, vuelve a mi (Љубов на мојот живот, врати ми се), заедно со нивна заедничка фотографија.
Објавата дојде неколку часа откако сенаторот беше ранет со три истрели за време на политички митинг во паркот Ел Голфито во Богота. Според локалните медиуми,Мигел Уриба бил застрелан во грб и два куршуми му завршиле во главата. Тој моментално е хоспитализиран, а лекарите се борат за неговиот живот.
Таразона е позната по тоа што ретко се појавува во јавноста, но овој пат не ги криеше своите емоции. Нејзината порака предизвика бројни реакции од колумбиските граѓани, кои изразуваат поддршка за семејството на Уриба и се молат за негово закрепнување.
Нападот се случил додека Уриба Турбај водеше кампања како кандидат за претседателските избори во 2026 година. Истрагата е во тек, а 15-годишниот напаѓач е уапсен на местото на настанот. Властите нудат награда за информации што ќе доведат до апсење на други можни учесници во атентатот.
Уриба, член на десничарскиот Демократски центар и жесток критичар на претседателот Густаво Педро, се смета за еден од главните фаворити на опозицијата. Неговата политичка борба сега е заменета со борба за неговиот живот - а пораката на неговата сопруга останува доказ за љубовта и надежта.