Полскиот премиер: Секој што присуствуваше на парадата во Москва, треба да се засрами

9.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полскиот премиер: Секој што присуствуваше на парадата во Москва, треба да се засрами

Словачкиот премиер Роберт Фицо се придружи на парадата на Црвениот плоштад во Москва како единствен присутен шеф од Европската Унија.

„Се обидувам да не коментирам за одлуките и однесувањето на државните лидери, но нема сомнение дека е срамно да се биде на парада во Москва и да му се аплаудира на Путин“, рече Туск на прес-конференција со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претходно денес, Франција и Полска потпишаа договор за зголемување на соработката во областа на одбраната и енергетиката. Со договорот, кој вклучува прашања од одбраната, енергијата и нуклеарната енергија и транспортот, тие се обврзаа на меѓусебна помош во случај на воена закана.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата