Полска со построги правила за престој на бегалците од Украина

27.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полска со построги правила за престој на бегалците од Украина

Полскиот претседател Карол Навроцки го потпиша законот кратко пред крајниот рок на 1 октомври, објави полската новинска агенција ПАП. Една од промените е дека Украинците ќе добиваат социјални бенефиции како што е детски додаток само ако работат и плаќаат даноци во Полска.

Законот беше предмет на спор меѓу либералната полска влада и новиот, конзервативен претседател. Првиот нацрт на законот не помина бидејќи Навроцки стави вето на него, по што владата попушти по прашањето за детски додаток за бегалците од Украина.

Доколку спорот околу законот беше продолжен, Украинците ќе останеа без законска основа за работа во Полска на почетокот на октомври, објави ДПА.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата