Полицијата пронашла бомба под возило на новинарска екипа, уапсени се две лица

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата пронашла бомба под возило на новинарска екипа, уапсени се две лица

Полицијата и противпожарните единици за деактивирање бомби реагираа во петокот на сомнителна направа пронајдена под возило паркирано во близина на станбена зграда.

Истражителите утврдија дека направата била детонирана, но не експлодирала, објави АП. ФБИ ги идентификуваше двајцата осомничени и издаде налог за претрес на куќа во населбата Магна западно од центарот на градот, а мажите, на возраст од 31 и 58 години, се уапсени и се соочуваат со обвиненија за нелегално поседување оружје и упатување терористички закани.

Блиските домови биле евакуирани за време на претресот, во кој биле пронајдени експлозиви, огнено оружје и нелегални наркотици и други прибори, а властите велат дека пронашле и најмалку два направи за кои се покажало дека се „лажно оружје за масовно уништување“.

Мотивот на двајцата осомничени за поставена бопмба под возилот на новинарска екипа, засега е непознат.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата